Prof. Meri Josifovska-Momirovska, PhD.
научен советник / редовен професор
вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 1.5.1993
област на истражување: ономастика
Мери Јосифовска е родена во Скопје во 1968 година. Во родниот град завршила основно, средно и високо образование. Со одлична оценка дипломирала во 1991 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Групата за македонски јазик со полски јазик и книжевност. За време на студиите била двапати на Летната школа за полски јазик и книжевност во Краков и еднаш на дијалектолошки истражувања во областа Мазовше. Во учебната 1992/93 година ги завршила постдипломските студии од областа на македонскиот јазик со највисока оценка. Била една од првите коишто во 1998 година го положиле испитот за лектор пред Комисијата за полагање испит за лектор при Министерството за култура на тогашна Република Македонија. Во 2005 година Мери Јосифовска го одбранила својот магистерски труд „Антропонимискиот систем во Крушевско“ и се здобила со звање магистер по филолошки науки. На 27 мај 2013 година ја одбранила својата докторска теза „Топонимијата на Крушевско“, по што го добила звањето доктор по филолошки науки. Во 1996 година реализирала двоседмичен студиски престој на 8. циклус предавања по општа лингвистика на Vilém Mathesius International Teaching Centre при Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка. Во ЈНУ ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје работи од 1993 година, најпрво како помлад асистент-истражувач, потоа како асистент-истражувач, научен соработник, виш научен соработник и научен советник во Одделението за македонска ономастика. Оттогаш, па сѐ до денес, таа е активно вклучена во работата на сите проекти од областа на ономастиката: „Речник на презимињата кај Македонците“ (како соработник), „Речник на антропонимите во македонското народно творештво“ (како коавтор) и „Речник на топонимите од Воденско“ (како коавтор на овој сè уште необјавен речник, за чиишто потреби има обработено вкупно 678 топоними на почетните букви К−О) и на тековниот институтски проект „Лексиката во македонската народна проза“. Од 2011 до 2020 година Мери Јосифовска работи како одговорно лице (главен истражувач) на вкупно шест едногодишни проекти финансирани од Министерството за култура на тогашна Република Македонија, а кои се однесуваат на заштита на македонското недвижно и нематеријално културно наследство. Тоа се следниве проекти: „Дигитализација на онимискиот материјал на македонската јазична територија (А−О)“ во 2011, „Дигитализација на онимискиот материјал на македонската јазична територија (П−Ш)“ во 2012, „Дигитализација на топонимискиот материјал од територијата на Крушевско“ во 2014, „Дигитализација на топонимискиот материјал од територијата на Радовишко“ во 2015, „Дигитализација на топонимискиот материјал од територијата на Дебарско“ во 2017 и „Дигитализација на топонимискиот материјал од територијата на Струмичко“ во 2020 година.
За потребите на одделението спроведува заеднички и индивидуални теренски истражувања за собирање ономастички материјал од македонската јазична територија, а по отворањето на постдипломските студии по „Македонистика со комуникологија“ (едногодишна и двегодишна програма) при ЈНУИМЈ Јосифовска е вклучена како професор во наставата по следните предмети: Комуникологија и Ономастика (задолжителни предмети); Македонска ојконимија и Текстуална лингвистика (изборни предмети).Во периодот 2005−2007 година работела како член на Комисијата за проверка и верификација на топонимите формирана меѓу Управата за заштита на културното наследство и Државниот завод за геодетски работи, од една страна, и ИМЈ „Крсте Мисирков“, од друга страна. Комисијата имала задача да прегледа, верификува и коригира околу 30 илјади топоними содржани во 175 топографски карти, а Мери Јосифовска тоа го направила врз една третина од споменатиот корпус.
За време на својот работен ангажман во Институтот за македонски јазик, Јосифовска работи врз афирмирањето на македонската ономастика во словенски, но и во светски рамки. За таа цел Јосифовска учествувала на преку 100 домашни и меѓународни конференции, како и на неколку светски конгреси од областа на ономастиката и славистиката. Има објавено бројни статии и прилози од областа на македонската ономастика во наши и во странски научни списанија и зборници. Во библиографијата на Мери Јосифовска особено место заслужува „Речникот на лични имиња во македонското народно творештво“, кој е објавен во коавторство со Марија Коробар-Белчева и Весна Миовска, како и нејзините монографиии „Топонимијата на Крушевско“ објавена во 2019 и „Антропонимискиот систем во Крушевско“ објавена во 2021 година.
Јосифовска напати била и рецензент на зборници, на монографии и на статии од афирмирани домашни и странски автори. Била и е член , но и секретар на повеќе редакциски, уредувачки и организациски одбори на зборници, списанија и конференции. Од 20.5.2021 е избрана за член на Советот на ЈНУ ИМЈ.
Магистерски труд
Антропонимискиот систем во Крушевско, Скопје 2005, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Докторски труд
Топонимијата на Крушевско, Скопје 2013, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Поважни статии и прикази
- Јосифовска Мери. 1993. „Личното име Герги/-ј,-ја и неговите деривати во македонскиот јазик“. Прв научен собир на млади македонисти, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, 303–312.
- Јосифовска Мери. 1995. „Прекарите во селото Бучин, Крушевско“. Втор научен собир на млади македонисти, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, 297–303.
- Јосифовска Мери. 1995. „Драгоцени податоци“. В. Нова Македонија, Скопје: НИП „Нова Македонија“, рубрика ЛИК
- Јосифовска Мери. 1996. „Имиња од животинскиот свет засведочени во презимињата кај Македонците (врз материјал од I том од Речникот на презимињата кај Македонците)“. Македонскиот јазик од Мисирков до денес, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 211–217.
- Јосифовска Мери. 1997. „Именувањето на Близнаци“. Трет научен собир на млади македонисти, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, 307–315.
- Јосифовска Мери. 2000. „Личното име и нормата“. Македонскиот јазик во јавното општење, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 108–118.
- Јосифовска Мери. 2001. „Имиња од животинскиот свет засведочени во презимињата кај Македонците (врз материјал од II том од Речникот на презимињата кај Македонците)“. Македонската лексикологија и лексикографија, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 224–230.
- Јосифовска Мери. 2002. „Отстапување од правилото за едначење по звучност кај личните имиња“. Норма и речник, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 45–49.
- Јосифовска Мери. 2004. „Преведување на онимите“. Стандардизацијата на географските имиња во Република Македонија, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 59–62.
- Јосифовска Мери. 2006. „Личните имиња во поезијата на Блаже Конески“. Функционалните стилови во македонскиот јазик, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 98–104.
- Јосифовска Мери. 2010. „За некои пофреквентни лични имиња и нивните деривати во македонскиот и во влашкиот антропонимиски систем (врз материјал од Крушевско)“. Македонски јазик LXI, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 139–143.
Јосифовска Мери. 2010. „Нови тенденции во именувањето кај Македонците“. Литературен збор LVII (4–6),Скопје: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литературана Република Македонија, 29–33. - Јосифовска Мери. 2011. „Почитувањето//непочитувањето на културното наследство во ономастиката“. „Македонски јазик LXII“, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 181–187.
- Јосифовска Мери. 2012. „Ономастиката и стандардизацијата“. Современите лингвистички истражувања во македонистиката (Придонесот на македонските лингвисти во стабилизацијата и во стандардизацијата на јазичната норма на македонскиот јазик), Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 59–66.
- Јосифовска Мери. 2013. „Преглед на прекарите во Крушевско“. Македонистика 12, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 75–105.
- Јосифовска Мери. 2014. „Ојконимијата во Крушевско“.Македонистика 13, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 211–249.
- Јосифовска Мери. 2014. „Лексиката вградена во топонимите од Крушевскиот Регион“. Македонски јазик LXV, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 183–190.
- Јосифовска Мери. 2016. „Дијалектолошката перспектива на микротопонимијата претставена преку материјал од Крушевскиот Регион“. Nazwy terenowe I miejscowe w przeszteni fizycznej (Geographical names in physical space), Łódz: Wydawnictwo Uniwersytetu Łódzkiego, 167–174.
- Јосифовска Мери. 2016. „Македонскиот наспроти српскиот личноименски систем“. Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Србија и Македонија, Битола: Козулат на Република Србија во Република Македонија, 176–183.
- Јосифовска Мери. 2017. „Сопствените имиња во делата на Горјан Петрески“. Јазикот наш денешен – јазикот наш насушен, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 304–311.
- Јосифовска Мери. 2018. „Нови именувања во македонската топонимија“. Минатото на јазичниот свет – денес и утре, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 129–134.
- Јосифовска Мери. 2019. „Топонимијата на селото Постол, Ениџевардарско“. Мисирков – предизвик за нови проучувања во науката, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 211–224.
- Јосифовска Мери. 2019. „Прекарите настанати по пат на опсцена мотивација во македонскиот јазик“. Опсцена и друга колоквијална лексика у српском и македонском језику, Ниш: Универзитет у Нишу, Филозофски факултет, 199–206.
- Јосифовска Мери. 2019. „Личното име Георги/-ј,-ја и неговите деривати во македонската топонимија“. Јазикот и културата – состојби и предизвици“, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 129–134.
- Јосифовска Мери. 2020. „Сопствените имиња во романот за деца „Големи и Мали“ од Бошко Смаќоски“. Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 177–182.
- Јосифовска Мери. 2021. „Административните промени на имињата на улиците во Скопје“. Славистички студии бр.21, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 62–70. (https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2021/12/Slavisticki-studii-21.pdf).
- Јосифовска Мери. 2021. „„Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект“.Публицитетhttps://www.publicitet.mk/vo-potraga-po-trajnata-ubavina/item/18585-d-r-meri-josifovska-eden-pogled-na-trpejca-od-onomastichki-aspekt.
- Јосифовска Мери. 2021. „Личните имиња во народните песни од Егејска Македонија“. Претходниците како современици. Македонскиот јазик во споредбените лингвистички истражувања(Јазикот наш денешен, кн. 31), Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 213–223.
- Миовска Весна, Јосифовска Мери. 2003. „Македонските хрематоними од современ аспект“. Metodologia badań onomastycznych, Olsztyn: Towarzystwo Naukowe i Ośrodek Badań Naukowych, 556–572.
- Josifovska Meri. 2011. “Language Contacts and Names: The Current Situation in Macedonian Onomastics”.Names in daily life. Proceedings of the XXIV ICOS International Congress of Onomastic Sciences, Barcelona: Generalitat de Catalunya, Departament de Cultura, 1624–1630. (E-book on: www.gencat.cat/llengua/BTPL/ICOS2011).
- Josifovska Meri. 2021. “Macedonian Equivalents of ICOS Key Onomastic Terms”. Onomastic terminology: The International Council of Onomastic Sciences, https://icosweb.net/publications/onomastic-terminology/.
Книги и монографии
- Мери. 2019. Топонимијата на Крушевско. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН.
Јосифовска Мери. - 2021. Антропонимискиот систем во Крушевско. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Речници
Речник на личните имиња во македонското народно творештво. Ред. Марија Коробар-Белчева. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2008.
Речник на презимињата кај Македонците
Речник на антропонимите во македонското народно творештво
Речник на топонимите од Воденско
Лексиката во македонската народна проза
Членство во научни и во други асоцијации
Член на Комисијата за словенска ономастика при Меѓународниот славистички комитет.
Член на Македонскиот славистички комитет.
Друго
Член на Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 2021 г.
Секретар на Редакцијата на сп. Македонски јазик од 2022.
Секретар на Редакцијата на зборникот Мисирков – предизвик за нови проучувања во науката. 2019, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Член на Уредувачкиот одбор на зборникот Минатото на јазичниот свет – денес и утре. 2018, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Член на Редакцијата на зборникот Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања, 2020, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.